еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Лекови на Онкологија ќе има, проблемот е организациски, вели Клековски

Недостигот на два лека на Клиниката за онкологија ќе се реши неделава, а другите ќе бидат набавувани во соодветни постапки, вели директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Проблемот настанал бидејќи директорите повеќе не можат да примаат лекови на реверс. Клековски вели дека не станува збор за финансиски, туку организациски проблем.

„Немањето лекови е настанато делумно заради традиционални проблеми, делумно заради промени што се случуваат од традиционалните проблеми – секогаш на преминот од една во друга финансиска година, се случуваат вакви проблеми.

Тие досега се решавале со реверси, бидејќи реверсот како начин на работа е противзаконски, сите директори вклучувајќи и на Клиниката за онкологија, има наредба, знаат дека не треба да примаат лекови на реверси.

И во тој период од една во друга финансиска година и непримањето на реверси, допринесе да настане овој проблем,“ појасни Клековски.

Тој оценува дека проблем е што на Клиниката не знаат за колку пациенти, колку терапија е потребна.

„Ние мораме да воспоставиме регистар на пациенти, како што веќе има за ретки болести, како што веќе има за дијабет, каде што соодветно ќе се евидентираат пациентите и планираат количините на лекови што се непходни и онаму каде што нема доволно лекови за сите ќе бидат јасни и транспарентни критериумите кои пациенти ќе ја добијат таа терапија, а кој пациент нема да ја добие соодветната или таква терапија како што се очекува,“ додаде Клековски.

Тој рече дека сакаат да воведат регистри на пациенти на сите подрачја каде има значително употреба на посебно скапи лекови, како што се онкологија, хематологија, на педијатрија има такви регистри и на трансфузиологија планираат да се воведе таков регистар за болни од хемофилија.

„Тие се неколку клиники каде имаме посебно скапа терапија каде лекувањето на еден пациент може да чини десетици илјади евра годишно и мислам дека тоа мора да биде и јасно и транспарентно и одговорно,“ подвлече Клековски.

Рече и дека ќе се разговара за временска рамка до кога би се вовеле такви регистри.

„Јас очекувам тие да бидат воведени до полугодието на оваа година. Не очекувам, туку и ќе инсистирам, бидејќи ние планираме значително зголемување на буџетот за 2025 година.

Значително зголемувањње на буџет за 2025 година без јасно транспарентно и одговорно работење, нема шанса. Значи не може да продолжи како што било во минатото, одговори тој на новинарско прашање,“ додаде тој.

Клековски вели дека за шест месеци не може да се среди хаосот со набавки, реверси, што е останато од минатото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пациентите на Клиниката за онкологија останаа без биолошка терапија

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Егзотичните острови Бахами и Бермуди меѓу петте најголеми странски инвеститори во земјава

Редакција

Која е Весна Дамева, која се врати на чело на Судскиот совет

Редакција

Нови 517 случаи на Ковид-19 од 2.669 тестирања, 72 се реинфекции

Редакција