Македонска навигација (М-НАВ) е станата како семејна фирма, бидејќи кога ќе погледнете таму се вработувани до трето колено. Кога ќе видите, на претседателот на синдикатот татко му работел таму, тој таму работи, брат му работи таму. На крај, тие станале како семејство во кое имаат конфликти кои обично се случуваат по дома, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање за случувањата таму.
Тој оценува дека има премногу случајности кои имплицираат дека можеби и не се случајни.
Владата вчера на седница го задолжи Инспекторатот за труд да изврши вонреден инспекциски надзор за работењето на синдикалните организации во рамки на М-НАВ и за истото да ја информира Владата.
„Апсолутно не е притисок врз синдикатите зашто законска можност е да се врши вонреден надзор на работата на синдикатите во рамки на надлежностите кои ги спроведуваат, дали излегуваат надвор од своите надлежности, така што, тоа е законски пропишана одредба и не претставува притисок“, изјави премиерот, прашан дали со оваа одлука се врши притисок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Дали македонското небо е безбедно за авионите на НАТО“, го прашале Пендаровски од Алијансата
Кој е Милан Кораќ, предлог на Владата за нов секторски директор во М-НАВ
Кој е Хекуран Асани, предлог на Владата за нов директор на М-НАВ
Фото: Влада