Денеска, шести ден по ред, продолжува потрагата по исчезнатата 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје.
Ја бараат стотици полицајци, а и граѓани од Македонија, но и од регионот, се самоорганизираат на различни начини да помогнат таа да биде пронајдена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пет дена ја нема Вања Ѓорчевска: Што досега направи полицијата
Нејзината мајка Зорица Ѓорчевска, која во понеделникот преку Фејсбук ја информираше јавноста за исчезнувањето на Вања и побара помош, за српски Телеграф вели дека таа е деветто одделение, не излегува многу, има неколку другарки и најчесто е дома.
-Ги проверивме сите нејзини профили на социјалните мрежи, ги имам сите нејзини лозинки, не забележавме ништо чудно. Вања не е таква девојка. Се сомневам дека е киднапирана, Господ да ми прости ако грешам.
Да знаев дека побегнала од дома и да имав проблеми со неа, сигурно немаше толку да паничам, вели таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицијата привела пет лица и обезбедила едно возило, во врска со исчезнувањето на Вања Ѓорчевска