еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

„Ми падна косата, ставена ми е вештачка„: Боки 13 прозборе за здравствените проблеми

Бојан Јовановски Боки 13, кој е на условен отпуст од затвор, во кој заврши за случајот „Рекет“, на социјалните мрежи сподели детали за неговата здравствена состојба и откри дека му е падната косата и дека носи вештачка.

Како што пишува тој, тоа било резултат на бројните хируршки интервенции, наталожени стресови, компликации, силните секојдневни терапии и неговата секојдневна борба со болеста.

-Се надевам дека една група на поединци ќе сега се задоволни и посреќни… И доста веќе ми ја коментирате болеста и здравјето! Само јас си знам како ми е и како сум! Јас сум бил и ќе останам борец, а поединци кои се радуваат, коментираат и се шегуваат на болест на друг им посакувам среќа, ќе им треба, бидејќи кармата е кучка!, напиша тој на Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки 13 останува на слобода, во затвор нема услови да се лекува

Јовановски во 2023 година направи операција за целосно отстранување на желудникот, а повеќе лекари сметаат дека поради компликациите по операцијата, тој не може да се лекува во затвор.

За него во тек е судењето за уште еден случај, кој се однесува не неговото здружение Меѓународен сојуз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Боки 13 ја преработи „Само една песна таговна“ на Пепи Бафтировски

Боки 13 најави документарно-игран филм “Рекет“

(Видео) Боки 13 побара повторување на постапката за „Рекет“, тврди дека Камчев и Русковска знаат каде се парите од чантата „Луј Витон“

Фото: Боки 13/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Министерот за одбрана Мисајловски објави фотографија со семејството за празниците

Редакција

Нови 138 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје, Куманово и Штип

Редакција

На продажба уште три станови и гаража на Мијалков проценети на 330 илјади евра

Редакција