еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Милка Тодорова и Владислав Хаџидинев реизбрани за членови на УО на УНИ Банка

Од Универзална Инвестициона Банка (УНИ) АД Скопје преку Македонската берза информираат дека со Решениe од 23. февруари 2024 година, гувернерката на Народна банка издала претходна согласност за именување на Милка Тодорова за член на Управниот одбор (УО) на Банката.

Таа е претседател на УО.

Согласноста е издадена за период од три години, сметано од датумот на приемот на Решението.

Од таму информираат и дека гувернерката издала и претходна согласност за именување и на Владислав Хаџидинев за член на УО на Банката. Тој е извршен директор на Банката.

Согласноста е издадена за период од три години, сметано од датумот на приемот на Решението.

Во УО на Банката според податоци на официјалната страна на Банката е и Делчо Крастев, кој е извршен директор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УНИ Банка со добивка и зголемени приходи во третиот квартал

УНИ Банка со добивка во првото полугодие

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ склучи договор со “Машинкоп“ вреден 14,6 милиони евра

Редакција

Кои се новите членови на Комисијата за заразни болести

Редакција

По победата на Украина, Зеленски се надева дека следната година Евровизија ќе биде во Мариупол

Редакција