По средбата со Арбен Таравари, кој предводи едно од крилата во поделената Алијанса за Албанците (АА), премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, синоќа се сретна и со лидерите од коалицијата Вреди, кој е во процес на станување на партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали Алијанса на Албанците на Таравари ќе остане во Владата, ќе се знае во текот на овој месец
Како што е познато АА на Таравари не е повеќе дел од Вреди, а Мицкоски се сретна со Изет Меџити, лидерот на Демократско движење, Билал Касами, лидерот на Беса и Зеќирија Ибраими, лидерот на Алтернатива.
За разлика од средбата со Таравари, засега нема информација од Владата за што се разговарало и што било договорено.
Дел од медиумите објавија дека средбата, која не беше најавена, како и таа со Таравари, поминала “конструктивно, во пријателски и партнерски дух“, а тема биле реформски прашања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Коалицијата „Вреди“ ќе стане партија, ќе биде ли и АА на Таравари дел од истата?
Фото: Влада