еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Мода без граници: Третиот ден на Моден Викенд Скопје ја слави регионалната креативност и одржливост

Третиот ден на 29. Моден Викенд Скопје кој се одржува во Културниот центар Лабораториум, беше одраз на богатата регионална соработка и креативен израз, кој ја слави поврзаноста меѓу традицијата, иновациите и одржливоста.

Овој ден отвори врати кон модни приказни кои ја пренесоа културната размена меѓу земјите од Балканот, истакнувајќи ја модата како платформа која ги обединува луѓето преку заедничка посветеност на општествените вредности и естетиката.

Првата ревија, „Upcycled Passion Fashion Show“ поддржана од Green Land Group, ги постави темелите за одржливоста и инклузијата како централни теми на вечерта. На пистата дефилираа модели од сите возрасти и големини, облечени во креации направени од обновени и половни материјали.

Дизајнерите, во соработка со фабриката „Димко Митрев” која соработува со шведската компанија Swedish Shepherd и со IPROTEX – иновативен партнер за технички текстил кој наоѓа примена во автомобилската индустрија, покажаа дека реупотребата на материјалите може да резултира со креативни, етички и модерни парчиња облека кои ја слават одржливата мода и иновативноста.

Во рамките на интернационалната ревија „Ties that Bind: BiH & MK Dimensions of Fashion,“ поддржана од UNESCO и Европската унија, беа претставени дела на тројца истакнати модни брендови од Босна и Херцеговина: Mothershands, No Nation Fashion и Луција Чолак. Овој проект посветен на врските што не поврзуваат, ја истражува важноста на културната размена и социјалната свест во модната индустрија.

Со својата колекција „Unite the Colors,“ Mothershands ги слави рачните изработки од минатите декади, носејќи модерни рачно плетени парчиња кои го истакнуваат шармот на бавното производство и одржливата уметност. Овој дел од програмата ја нагласи важноста на културната и креативна соработка во регионот и нивната улога во општествениот развој.

No Nation Fashion, бренд поддржан од Меѓународната организација за миграција (IOM), ја презентираше колекцијата „Resilient Threads“ – креации инспирирани од патувањата и приказните на мигрантите, пренесувајќи порака за сила, издржливост, но и за моќта на редизајнот.

Модната колекција на Луција Чолак, истакната дизајнерка и основачка на Кашмир студиото, беше уникатен спој на класична елеганција и современа смелост, создавајќи незаборавни венчални парчиња од сатен, шантунг свила и броширани ткаенини со 3D детали.

На студентската ревија на Факултетот за арт и дизајн при Меѓународниот балкански универзитет, студентите Ринеса Ахмети, Суреја Јакупи, Маригона Рахмани, Хава Јахја, Христина Ѓорѓиева, Луна Аврамовска, Оја Осман и Кефаџет Исмаили го презентираа својот уникатен креативен израз преку автентични колекции инспирирани од нивните лични приказни и културни позадини. Овие млади таленти, под менторство на Маја Ѓуреска, Емилија Славкова и Медина Хоџа, донесоа на сцената свежа визија за иднината на модата во Македонија, комбинирајќи традиционални елементи со иновативни техники и современи форми.

Големото финале на вечерта го заокружија брендовите MARAH и PERENIAL, поддржани од Payot-француски бренд за нега на кожата познат по својата уникатна мешавина на луксуз, ефикасност, но и етичка мисија. Маригона Рахмани ја претстави колекцијата „Lusserno,“ инспирирана од нејзиното патување во Анкона, Италија, каде што традицијата и современите дизајни создадоа елегантни и смели парчиња. PERENIAL, воден од Аника Илоска, ја претстави својата колекција „Сврзани,“ создадена преку трансформација на машки сакоа во женски облеки, нагласувајќи го значењето на повторната употреба и одржливиот дизајн како дел од модната иднина.

Третиот ден на Моден Викенд Скопје го покажа најдоброто од локалната и регионалната модна сцена, истакнувајќи ја важноста на соработката, културниот дијалог и одржливите практики. Овој ден ги обедини креативците од различни позадини во заедничка визија за модата, докажувајќи дека вистинската убавина на стилот лежи во неговата способност да инспирира, да ги обединува луѓето и да создава промени.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прв настап на хорот од Бигорскиот манастир на официјален настан во Атина: Аплауз и воодушевување од публиката

Редакција

Кои се новите адвокати на Жан Митрев

Редакција

Од Ковид-19 починаа 24 лица, најмладиот на 35-годишна возраст

Редакција