Во интервју за Радио Слободна Европа, министерот за здравство Арбен Таравари најави можно спојување на четирите партии од коалицијата „Вреди“ во една партија после локалните избори во октомври годинава.
„Во повеќето општини, каде што мнозинство, односно има шанси и Албанците да победат, повеќе се Албанци, размислуваме за потенцијални кандидати. Меѓутоа, се надевам, кон крајот на март ќе излеземе и со предлози кои би биле нашите кандидати во одредени општини за идни градоначалници,“ изјави тој.
Во однос на последната одлука на Основниот суд Тетово кој пресуди дека печатите на Алијанса за Албанците и официјално му припаѓаат на Зијадин Села, Таравари најави дека ќе ја обжали одлуката на Судот, бидејќи, партијата е на членството, а не на индивидуи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
“Битката“ помеѓу Села и Таравари за печатите на Алијансата за Албанците не е завршена
Фото: Фејсбук/Таравари