Како нов возач сигурно се чувствувате возбудено за вашите нови искуства со вашиот автомобил. Слободата што ја добивате откако ќе положите за возачка дозвола е од непроценливо значење за вас. Имате можност да ги искористите сите знаења стекнати од избраната авто школа. Не само низ градскиот метеж на урбаните улици, најголемата возбуда и нетрпение доаѓа на отворените патишта преку кои истражувате нови места на кои доживувате возбудливи авантури, а од друга страна се стекнувате со животно искуство.
Сепак, помеѓу можностите да уживате и да создавате сеќавања на отворените патишта демне непредвидливоста. Секое впуштање во нова авантура, за вас како почетник претставува предизвик и можност да ја тестирате својата вештина, приспособливост и снаодливост во непредвидени ситуации на патот.
На отворените патишта каде што се вози многу побрзо отколку на улиците низ градскиот метеж, секој километар носи можност да се сретнете со неочекувана околност. Поради тоа вашата будност и вештина се неопходни. Затоа користете ја секоја можност да ги усовршите вашите вештини, следете ги инстинктите, изострете ги вашите рефлекси и на патот приклучете се како сигурен и способен возач.
Подготовка пред патување:
Рутински прегледи и редовно одржување
Редовната проверка и одржувањето на вашето возилото може да влијае на спречува на многу неочекувани дефекти.
Најпрво проверете ги сопирачките, тие мора да имаат непречена функција и да се исправни, потоа уверете се дека течностите на моторот се на соодветно ниво за да го одржите неговото квалитетното работење и да спречите прегревање. Не заборавајте на гумите, истите мора да ги замените според тековната сезона и важно е да бидат напумпани рамномерно.
Припрема за итни случаи
И покрај вашите напори да останете концентрирани и да го одржувате возилото во добра состојба, не ја исклучувајте можноста од итни и неочекувани ситуации.
Опремете го вашето возило со основните безбедносни помагала, како што се: комплет за прва помош кој може да ви се најде во мали и големи незгоди, батериска ламба, стартувачки кабли, ќебе и вода како основно средство за живот.
Со поседување на горе наведените помагала и намирници ќе бидете спремни да помогнете некому доколку е потребно, но и вас ќе ви бидат од помош во непредвидени ситуации.
Погледнете ја маршрутата
Пред да тргнете на вашето патување треба темелно да ја разгледате маршрутата по која ќе се движите, особено доколку ви е прв пат да патувате до таа дестинација.
Секогаш бидете спремни за потенцијалните опасности како што се: градежните зони, областите во кои има неповолни услови, патишта со многу свиоци/свртување/кривини, стари оштетени патишта и сл.
Информирајте се добро, за да се припремите сигурно и самоуверено да возите по патот на кој сте одлучиле да се движите.
Подгответе се за неповолни временски услови
Дождливи временски услови
Доколку почне да врне дожд или пак се движите кон област во која веќе врне дожд мора да сте максимално претпазливи. Веднаш штом ќе воочите дожд почнете постепено да ја намалувате брзината и одржувајте безбедно растојание за следење.
Вклучете ги бришачите и предните светла за да си овозможите подобра видливост на случувањата пред вас. Многу е важно воланот да го движите сталожено и да избегнувате брзи непредвидени свртувања или силно стопирање на автомобилот. Патиштата изложени на дожд можат да бидат лизгави, а со тоа се зголемува можноста да ја загубите контролата над воланот и патот.
Снежни наноси/бури и мраз
Кога сте упатени кон дестинација на која има снежни наноси или пак се прогнозираат во деновите кога вие ќе патувате кон истата, подгответе го возилото со зимски гуми и понесете ги синџирите за да бидете целосно опремени за непречено и безбедно пристигнување.
Заледените патишта и патиштата со снежен нанос не се безбедни, затоа морате да го зголемите растојанието за следење и да ја намалите брзината. Не се препорачуваат нагли свртувања на воланот и непланирано сопирање. Доколку дојде до лизгање задржете го правецот по кој сакате да се движите без нагли понатамошни чекори и свртувања.
Магла и намалена видливост на патот
Во услови на магла или кога истата ќе се спушти ниско и ќе го прекрие патот, видливоста е скоро па невозможна.
Бидете внимателни на вашата брзина. Користете ги ознаките на патиштата како водич за безбедно движење. Потребно е да возите со средни светла. Силните долги светла треба да ги избегнувате во целост затоа што рефлектираат од маглата и дополнително ви ја попречуваат перцепцијата за патот пред вас. Користете ги фаровите за магла доколку вашето возило ги поседува во своите перформанси.
Механички проблеми
Издишена или дупната гума
Сигурно веќе сте го дискутирале овој проблем со вашиот инструктор во авто школата каде сте се подготвувале за полагање. Доколку ви се издиши гумата додека патувате, повлечете се на страна од патот. Проверете ја физичката состојба на гумата и доколку имате пумпа во возилото напумпајте ја гумата. Ако не поседувате пумпа, проценете дали ќе можете да пристигнете до најблиската бензинска станица.
Во случај да ви се дупне гумата во текот на возењето бидете сталожени и не дозволувајте да ве фати паника од несаканата ситуација во која се наоѓате, задржете ја контролата на воланот и доколку сте во состојба паркирајте го возилото настрана од патот, обавезно вклучете ги сите четири трепкачи кои сигнализираат предупредување во случај на дефекти.
Од багажот извадете ја резервната гума и дигалката, па ако немате вештина сами да ја промените гумата стопирајте друг возач за да му побарате помош или пак јавете се во дежурните патни служби.
Прегревање на моторот на возилото
Доколку во текот на вашето патување прегрее моторот на вашето возило, мора да знаете дека тоа е сериозен проблем. Во овој случај мора брзо и ефективно да реагирате пред да дојде до сериозни оштетувања на самиот мотор, последиците од прегревањето не се видливи но може да бидат доста сериозни и вашето возило повеќе нема да биде во возна состојба.
Најпрво мора да ја исклучите климата и да го појачате на максимум греачот за парно за превенција од дополнително загревање. Паркирајте го возилото на место каде што нема да го попречувате сообраќајот, следните чекори се да го исклучите возилото и да почекате половина час да се излади моторот.
Штом моторот се излади, отворете ја хаубата и проверете го нивото на течноста за ладење, доколку е потребно додадете колку што дозволува ознаката на резервоарот за течност. Во случај вашето возило и покрај тоа што ќе ги примените наведените чекори не сака да го покрене моторот побарајте стручна помош.
Празен акумулатор
Во случај вашиот акумулатор да се испразни или згасне додека сте на пат, треба најбрзо што можете да го поместите возилото на најблиското безбедно место, на страна од сообраќајот. Воочете што довело до овој дефект, разгледајте ги можностите и направете конкретна проценка што најмногу ќе ви помогне во решавањето на проблемот.
Морате да бидете информирани за времетраењето, квалитетот и издржливоста на акумулаторот, затоа што после истекување на определеното време за користење постепено се намалува квалитетот и издржливоста на батеријата.
Една од причините што би довела до празнење на вашиот акумулатор е доколку ги заборавите светлата или пак радиото вклучено а сте надвор од автомобилот подолго време. Исто така можно е алтернаторот на вашето возило да е вон функција и да го попречува стартувањето на моторот, а во овој случај најправилно е да побарате стручна помош. Додека пак во горе наведените случаеви може да си помогнете доколку имате понесено батериски стартер за автомобил или пак пар кабли за стартување за кои ќе ви треба помош од друго возило.
Во случај да не можете да се снајдете, најправилно е да се обратите до дежурните сообраќајни служби. Нивните броеви се секогаш достапни доколку ви е потребна итна помош на патот.
Ненадејни физички попречувања на пратот
Градежни зони и реконструкција на патишта
Реконструкциите на патиштата и градежните зони се многу честа појава на патиштата, вие како нов возач но и секој што учествува во сообраќајот треба да се информирате и да сте во тек со ново настатите ситуации на патот. Најчести физички предзнаци дека во одредена област се одвиваат градежни активности се: конуси, бариери, заштитни мрежи, а ќе забележите и раздвижени работници и тешка опрема.
Затоа најважно од сѐ е да бидете предпазливи и да останете фокусирани на патот затоа што секоја ознака укажува на промени во сообраќајот како што се: намалена брзина, пренасочување поради затворени ленти, промена во сообраќајните шеми и сл.
Запомнете дека трпението, внимателноста и почитувањето на сообраќајните закони се клучни за безбедно да се движите низ овие привремени пречки на патот до вашата дестинација.
Средбa со диви животни
Доколку патувате и поминувате во области каде што сте опкружени со шумски предели или рурални површини бидете подготвени да се сретнете со диви животни. Средбата со дивиот свет е неочекувана и представува закана за возачите, што често доведува до несреќи и повреди.
За да го заштитите својот живот и животот на животните мора да бидете спремни на брзо расудување на ситуацијата, внимателно возење и намалена брзина. Секогаш возете централно по својата лента и не правете нагли свртувања затоа што тоа дополнително може да го загрози вашиот живот. Секогаш кога ќе видите едно животно, очекувајте повеќе, бидејќи животните имаат свои периоди за движење во групи како што се периодот на миграција или пак размножување.
Една од важните превентиви е и свирката на вашиот автомобил, доколку наидете на диви животни користете ја свиркатаза на некој начин ги уплашите со буката и тие да избегаат од коловозот, што и немора да значи дека ќе влијаете на тој начин. Најважно од сѐ во ваквите ситуации е да останете смирени и фокусирани, паниката нема да ви донесе ништо добро туку само ќе ја наруши вашата перцепција за расудување и навигација на патот.
Агресивни возачи
Доколку наидете на агресивен возач кој на некој начин ве провоцира или маневрира небезбедно со возилото треба да останете смирени и фокусирани на воланот. Не дозволувајте да паднете на провокациите или пак да возвратите, така само ќе ја влошите ситуацијата и може да го загрозите животот на другите учесници во сообраќајот. Агресивните возачи најчесто се смели и некултурни затоа избегнувајте било каков контакт, не ги погледнувајте во очи и не возвраќајте вербално на провокациите.
Доколку ве вознемирува ова однесување не дозволувајте емотивно да реагирате. Останете сталожени и доколку сте во можност одржувајте растојание, успорете ја брзината и пратете ја вашата навигација како би знаеле каде може да свртите за да избегнете понатамошна комуникација. Во никој случај не дозволувајте да провоцирате и вие или пак да го напуштите вашето возило со помисла дека ќе се разберете и ќе изнајдете решение. Никако, тоа само може да ја влоши ситуацијата и да доведе до физичка пресметка. А со тоа вие и вашиот протвник го попречувате протокот на сообраќајот и ги ставате во опасност другите учесници кои само сакаат да стигнат безбедно на посакуваната дестинација.
Вежбајте трпение зад воланот, бидете љубезни дури и во фрустрирачки ситуации затоа што самоконтролата на вашите емоции може да доведе до степен на правилно расудување.
Психичка спремност
Останете смирени
Смиреноста е најважната особина на искусните возачите која и вие како нов возач мора да ја негувате, таа ви помага да го одржите фокусот на патот и со тоа да ја намалите можноста за несреќи. Само кога сте смирени можете да реагирате брзо и ефикасно во неочекувани ситуации.
Возењето е активност која бара одлучување во секунда, особено во ситуации под притисок од околината. Сталоженоста и смиреноста ве прават посамоуверени возачи, а тоа е од суштинско значење за вас како нов возач. Кога сте смирени поголема е веројатноста да им верувате на вашите вештини и правилно да ги практикувате. Со одговорно и мирно возење, вие ги исполнувате вашите законски и етички обврски како возач, но и оставате пример на другите особено на новите возачи допринесувајќи за културата во сообраќајот.
Како нов возач кој се стекнува со искуство, возењето може да ви биде стресна активност, затоа смиреноста ако ја практикувате може да допринесе за целокупна благосостојба преку намалување на стресот. Кога пристапувате кон возењето на со мирна психа поголема е веројатноста да уживате во искуството и да се чувствувате сигурно зад воланот.
Проценете и дејствувајте
Вие како нов возач немате доволно искуство да го процените текот на одредена ситуација и прецизно да реагирате, времето поминато на патиштата и секое ново искуство ќе ве изгради во добар и безбеден возач. Вашата конкретна проценка и постапката на самото дејствување директно придонесуваат за побезбеден сообраќај и сигурност на патиштата.
Доброто расудување ви овозможува ефикасно да ги процените ризиците во најразлични ситуации и неповолни временски услови а со тоа ви помага да превземете мерки за ублажување и решавање на предизвиците. Со рано препознавање и воочување на опасните ситуации и соодветно реагирање, можете да избегнете судири. Вашиот инстинкт за предвидување на активностите на другите возачи и прилагодување на сопствените постапки, со намалување на брзината или пак давање предност на други возачи доколку е потребно и сл.
Еден од клучните сегменти на правилно дејствување во сообраќајот е и почитувањето на сообраќајните знаци и правила. Како возач вие имате големо влијание за вашата безбедност, безбедноста на сопатниците и другите учесници во сообраќајот и затоа морате правилно да ги процените потенцијалните последици и да дејствувате за да ја зачувате безбедноста и благосостојбата.
Возењето е вештина која непрестано ја надоградувате со учење и размислување за минатите искуства, учење од грешките и барање можности за подобрување.
Побарајте помош
Како нов возач мора да бидете подготвени на несреќи и непредвидени ситуации на патот. Доколку вие директно учествувате во некоја несреќа или пак непланирана ситуација и во случај да не сте дирекно вклучени мора да побарате соодветна помош.
Во случај на сообраќајни несреќи кои вклучуваат повреди и видливо оштетување на возилата повикајте брза помош. Со брзо реагирање во вакви ситуации можете да спасите живот. Бројот на кој треба да се јавите во ваков тип на случаеви е 194.
Доколку во несреќата има друго возило, а вклучени се материјални штети и повреди морате да повикате полиција. Тие ќе пристигнат на местото на настанот, ќе ја проценат ситуацијата и ќе направат извештај, кој е неопходен за побарувања од осигурителните компании и остварување на правните цели. За да повикате полиција јавете се на бројот 192.
Во случај вашето возило да не е во возна состојба или пак чувствувате дека не е безбедно да возите, во секое време може да рачунате на дежурните патни служби. Влечната служба може да ви помогне во случај на дефект на автомобилот, за да го однесете вашиот автомобил до најблискиот сервис за да го поправите. Доколку сакате да се обратите на оваа служа треба да го завртите бројот 112 на кој може да побарате било каква помош поврзана со незгоди и судири. Овој број е универзален на подрачјето на Европа. Не ја исклучувајте можноста да побарате помош од соучесниците во сообраќајот или пак да ги исконтактирате најблиските.
Динамиката на патиштата, со себе ја носи и неизвесноста за која вие мора да сте свесни и будно да ја пратите секоја промена на патот додека возите. Сепак кога вашето знаење е сѐ поприсутно, подготвеноста за предизвици и стабилната решителност, вие како нов возач можете да ја трансформирате непредвидливоста во можности за раст и вештини.
Запомнете дека секое ваше искуство зад воланот е покана но во исто време и предизвик, да го продлабочите вашето расудување, да ги изострите вашите вештини и да пристапите кон возењето како сигурен и поспособен возач кој влева доберба и безбедност на патиштата.
Со воведување на принципите од овој водич во вашата рутина си овозможувате да пристапите со доверба во било која неочекувана ситуација затоа што се чувствувате информирано и подготвено. Закопчајте ги појасите, препуштете се на патот и дозволете искуството да се гради со текот на времето.
Пред сѐ, негувајте ја привилегијата на истражувањето, радоста на откривањето и одговорноста да се чувате себеси и оние околу вас. Затоа што во комплексноста на возењето, доаѓа и секое ново искуство кое е доказ за вашата издржливост, снаодливост и вашата посветеност да го совладате предизвикот на новото и неочекуваното.
Покрај сѐ потрудете се вашите патувања да бидат возбудливи исто колку што се едукативни. Присетете се на секој збор на инструкторот во избраната авто школа и запомнете, на патот можеби ве очекуваат непредвидени и неочекувани ситуации, но со секој поминат километар сте поблиску до целта да станете самоуверен и вешт возач исполнет со искуства, кој нуди безбедност и сигурност на патиштата.
Верувај во себе!
ПР-објава