еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

На стартот на учебната година, намален бројот на автобусите на јавниот градски превоз

На стартот на учебната година, бројот на автобуси во градскиот превоз во Скопје ќе биде редуциран бидејќи дел од приватните автобуси ќе сообраќаат само наутро. Причината е како што велат да им се исплати долгот и да се зголеми цената.

Приватниците најавија дека еден автобус ќе вози само една тура, на една линија. Тоа се автобусите со број 45, 23, 63, 73, 61, 63, 22, 52, 54, 19 и 20. Потоа автобусите ќе останат во гаража, а возачите ќе им се приклучат на колегите кои нема да возат.

Јавниот превоз организиран од страна на „Вестор транс“ денеска, пак, продолжува да функционира непречено и согласно со возниот ред. Тоа се автобусите со број 9, 11, 11а, 12, 47 и 55.

Претходно, од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информираа дека средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта.

„Ги информираме учениците од прва година средно образование кои ги исполнуваат условите за бесплатен превоз (ученици во средни училишта чиј основач е Град Скопје) дека билетите ќе ги добијат во матичните училишта. Всушност, сега ќе им бидат дадени времени билети, кои во меѓувреме ќе бидат заменети со „Скопска“.

Учениците од повисоките одделенија, во случај да имаат потреба од нова персонализирана електронска картичка „Скопска“ (поради изгубена картичка и слично), нова/дупликат можат да обезбедат во кој било центар за персонализација на ЈСП Скопје.

Притоа, неопходно е да достават потврда од училиште и да платат еднократен надомест од 200 ден за изработка на картичката.

Потсетуваме дека средношколските билети за бесплатно користење на јавен превоз, важат за сите линии (градски и приградски) во период од 05 до 24 часот, односно, единствено не важат за користење на ноќни линии,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цела Македонија за првпат во 4 фаза, на широко-распространета трансмисија на Ковид-19

Редакција

Тешко повреден битолчанец откако со „БМВ“ се забил во ѕид

Редакција

Од Ковид-19 починаа 39 лица, најмногу во Скопје, 10

Редакција