еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Не постои цена за Искра да земе здив: Потребен е мобилен респиратор

Искра е 17 месечно детенце кое е родено со спинална мускулна атрофија – Тип 1.

„Искра не знае што значи да дишеш слободно, со полни гради, бидејќи е на респиратор од раѓање, и не може да живее без него. Искра никогаш во животот нема вкусено храна, бидејќи се храни со назогастрична сонда која и влегува преку носето.

Нејзината приказна ќе го скрши и најтврдокорното срце: имала 6 операции на нејзиното мало срценце досега, една од нив и на дијафрагмата, со цел да се дијагностицира состојбата, но оваа болест е толку ретка, што ваквите генетски тестови кај нас ги има само во МАНУ, но проблемот со ретките болести е што треба некој да ги препознае за да знае да упати каков тест да се направи.

Малата Искра имала среќа, белградски педијатар кој работел во Систина, кој во неможноста Искра да ги движи рачињата ја препознал болеста и ги упатил на тестирање.

Искра никогаш не земала воздух, и не може да дише без респиратор, а знаеме каква е ситуацијата за респиратори кај нас: таа користела респиратор од петгодишниот Петар, кој за жал починал, и неговите родители го предале за Искра.

За жал, респираторот откажал пред 5 дена, на 22. март, по што Искра била транспортирана на Клиниката за детски болести, но и таму откажал респираторот, и сега е Искра во Систина, во исчекување да и помогнеме да се купи мобилен респиратор.

Не постои цена за да може Искра да земе здив, ние од Ecrowd medical, во име на таткото Гоце Трајковски Ве молиме да одвоите колку што имате за да се спаси оваа мало, невино детенце, кое веќе видело многу страдање во својот краток живот,“ се вели во апелот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Путин: Воведувањето зона на забранети летови над Украина би имало катастрофални последици“за целиот свет

Редакција

Колкави надоместоци имаат членовите на НО на Стопанска банка Скопје

Редакција

Две куќи, стан, три автомобили, земјиште: Каков имот пријавил Нефи Усеини, чија пицерија во Охрид стана топ тема

Редакција