еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема влада без уставни измени, Ахмети тврди дека партиите од албанскиот блок имаат писмен договор

Лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети тврди дека нема џентламентски, туку писмен договор помеѓу ДУИ, Алијанса за Албанците, Беса, Алтернатива, Демократско движење и ДПА, дека нема да има влада без уставни измени.

Истиот според него бил потпишан пред повеќе од еден месец.

„Договорот е потпишан…Помеѓу АА, ДПА, БЕСА и Алтернатива. Ако не грешам, да, Алтернатива беше..“, кажа меѓудругото Ахмети за „Click Plus“ на ТВ21.

Тој и цитираше дел од договорот:

„Нема партнерство со политички партии кои се против уставните промени и против евро-атлантскиот пат на Македонија. Толку. Нема влада со политичка партија која е против уставните промени„.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе одлучат ли уставните измени кој ќе прави влада?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Медицинскиот факултет на Мерко неможе да се запишат студенти, не се исполнети условите

Редакција

На денешното судско рочиште, доктор од Судска медицина ја откри причината за смртта на Саздовски

Редакција

Не се ангажираше целосно, откако Меркел стана канцелар само Хрватска влезе во ЕУ, вели професорот Бибер

Редакција