Овој Саем на книгата, од 18 до 24. април, во Спортската сала „Борис Трајковски“, на штандот на ТРИ ќе ве пречекаат многу (новитети од) домашни автори и преводи на светски бестселери, големи попусти до 80 % и понуда од над 600 наслови.
ТРИ овој Саем го посветува на домашните писатели и на автори од регионот со кои читателите ќе имаат можност да се сретнат на самиот Саем! Саемското искуство ќе биде исполнето со одличната агенда (средби со Румена Бужаровска, Лидија Димковска, Венко Андоновски, Срѓан Драгојевиќ и Маја Волк, како и други домашни автори) што ќе можете да ја најдете на социјалните медиуми и профилите на ТРИ, заедно со саемските каталози во кои ќе можете да ја разгледате целата понуда и сите наслови.
Пристигнуваат неверојатните есеи на Горан Стефановски, „Пофалба на обратноста и други есеи“, како и сликовницата „Писмо до внуката“, новиот есеистички наслов на Румена Бужаровска, првото поетско македонско издание на познатиот режисер Срѓан Драгојевиќ, наградениот роман на годината од Лидија Димковска, „Фрески и гротески“ и „Азбука за непослушните“ од Венко Андоновски, како и прирачник за трајно здравје од Маја Волк.
Од бестселерите ексклузивно ќе ги пронајдете новата книга од Робин Шарма, „Богатство што не се купува со пари“, Влијание“ од Роберт Чалдини, „Остани безгрижен со Епиктет“ од Јана Капри и Чаран Дијаз и „Човековата потрага по смисла“ од Виктор Франкл.
Старите добри наслови секако можете да си ги набавите и овој Саем на штандот, заедно со многу книжевни совети благодарение на тимот на ТРИ.
Ве покануваме на едно ново саемско искуство – вистинското место да се пронајде смислата на постоењето преку мислите.
Промотивна објава