Нова влада ќе биде договорена до петок, најави денеска градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари од коалицијата “Вреди“ со која ВМРО-ДПМНЕ преговара за составување на владата.
„Верувам дека следната недела преговорите ќе завршат. Тимовите интензивно работат на владината програма, но во исто време верувам дека од понеделник ќе почне и поделбата на ресорите“, рече тој.
Таравари е оптимист дека конечниот договор за формирање Влада ќе биде постигнат до петок.
„Во моментов е многу позитивна атмосфера, има разбирање од двете страни и јас сум голем оптимист дека до петок ќе го имаме конечниот договор за идната влада“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ консолидира 61 пратеник
Фото: Таравари/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.