еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Палевски го спори денот на убиството на Жежовски, во Турција отишол за да земе и доказ дека Гоце Делчев го убиле врховистите

На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, започна распитот на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски негира дека ги убил и грабнал Вања и Панче

Тој одговараше на прашањата на неговиот адвокат Јовица Страшевски, а меѓудругото го оспори и денот кога е убиен Жежовски. Според Основното јавно обвинителство Скопје тој е убиен на 22. ноември 2023 година.

Според Палевски пак било можно Жежовски да бил убиен на 24. ноември 2023 година, а тоа тврдење го поткрепи со три моменти. Во Кривичниот суд Скопје тврдеше дека досега не е утврдено точното време кога е убиен Жежовски, како друг момент го наведе и сведочењето на другиот обвинетиот Велибор Манев дека на 24. ноември отишле да го закопаат неговото тело, како и тоа што тој правел на 22. ноември.

За бегството во Турција, од каде беше екстрадиран кажа дека таму бил поради здравствени причини, што од порано и е познато на јавноста, но и поради лични интереси – посета на воен архив. Раскажа и зошто планирал да оди во Москва, Русија и Минск, Белорусија.

„Втора причина е посета на воен архив во Истанбул. Требаше да земам копија и доказ дека на 4. мај 1903 година во село Баница немало ниту еден аскер и дека Гоце Делчев не е убиен од турска војска, туку од врховистите.

Третата причина зошто сум гледал карти од Минск и од Москва е мојата желба и намера да одам во Москва, но ниту сум букирал карта, ниту сум купил, туку мојата желба и намера не се реализирала, а на обвинителката многу добро ѝ е познато зошто. Јас требаше да одам во Москва од причина да земам копија од Новгородски ливчиња од јавната библиотека на Москва“, кажа тој.

Следното рочиште е 16, април, на кое Палевски ќе продолжи да одговара на прашања на неговиот адвокат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на Вања пратил смс-порака до грабнувачите на нејзиниот телефон

Фото: Палевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во белградското училиште „Владислав Рибникар“ продолжува наставата, дежураат 6 полицајци, а родителите бараат крај на учебната година

Редакција

415 од починати 1.986 лица од Ковид-19, биле вакцинирани

Редакција

Мицкоски за обвинувањата од Заев дека е вмешан во „Рекет“: Нема да го тужам, моето име го нема

Редакција