еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Поради посета на делегација од Саудиска Арабија, посебен режим на сообраќај во Скопје од вторник до сабота

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека во периодот од 09 до 13.01.2024 година (од вторник до сабота), поради официјална посета на делегација предводена од Н.Е. Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија – Меџлиси Ал Шура, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

-Со посебниот режим кој ќе го спроведе Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат опфатени сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

Од тие причини, МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во пожар во гаражата на Основниот суд во Струмица изгоре новиот автомобил на судот

Редакција

(Видео) Пожарот над тетовското село Вешала е локализиран

Редакција

(Вознемирувачко видео) Албанец застрела три момчиња пред клуб во Атина, едното е во критична состојба

Редакција