еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Почина 25-годишен припадник на македонската Армија

Од Генералштабот на Армијата на Македонија информираат дека синоќа околу 23.15 часот, во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – Карил, починал припадник на Армијата, професионален војник со иницијали А.Ј., на 25 годишна возраст.

Професионалниот војник е еден од кандидатите кои го посетувале селективниот курс за баталјонот за специјални сили кој се одвива изминатите дваесетина денови на армискиот полигон „Криволак“.

-Имено, на професионалниот војник на самиот завршеток на изведувањето на последната дисциплина од селективниот курс, марш на долго растојание во касните попладневни часови, по 18.30 часот, без претходни видни знаци, моментално му се слошува, по што паѓа во безсознание.

Веднаш, со армиско болничко возило и придружба на воен лекар кои се постојано присутни на активностите на селективниот курс е однесен во најблиската здравствена установа, во случајот здравствениот дом во Неготино, по што веднаш по направените интервентни испитувања е упатен со болничко возило кон Клиниката Карил во Скопје, каде по пристигнувањето од страна на персоналот се пристапило кон преземање на сите мерки за реанимација, но по кратко време се констатирала смрт.

Насоки за понатамошна постапка и утврдување на околностите под кои настанал несреќниот случај во текот на ноќните часови се дадени од страна на јавен обвинител кој ќе ја води понатамошната истражна постапка, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адвокатот на Боки 13, Дуковски: Знаевме дека ќе биде вака брутална казната, но оваа пресуда најмалку се заснова на докази

Редакција

Почина тренер на Шкендија Арачиново, кој на семејна прослава беше погоден од залутан куршум

Редакција

Радев до Шолц: ЕУ да биде гарант за правата на Бугарите во Македонија

Редакција