Доцна синоќа за собирање докази од страна на истражители била претресена канцеларијата на врховниот судија Наке Георгиев во Судот, објави Сакам да кажам.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претрес и кај Иџет Мемети за случајот со Наке Георгиев
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев
Тој вчера беше уапсен за поткуп од 10 илјади евра, а претресот го извршила поглема група на извршители. СДК неофицијално објави дека се пребарувало и во неговиот дом во Струмица и секаде каде што имал недвижен имот.
Истрагата најверојатно ќе се проширува и на други кривични дела, а порталот објави и дека Георгиев извесно време бил под посебни истражни мерки.
Сопругата на Георгиев е обвинителка во Основното јавно обвинителство Струмица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судијата Наке Георгиев остана без имунитет, може да оди во притвор и е одалечен од работното место
Каков имот пријавил Наке Георгиев, кој заради синот поднесе оставка од Судскиот совет
Кој е Наке Георгиев, кој поднесе оставка од Судскиот совет, за да неговиот син стане судија