На денешно електронско јавно надавање на запленет имот на поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков се продадени три негови стана и гаража за 332.276 евра.
Се продаваа станови на Водно во Скопје, на улицата „Славејко Арсов“. Тој од 78 квадратни метри беше проценет на цена од 108.000 евра, а другите двата стана од 73 квадратни метри на по 101.000 евра.
Гаражата од 30 квадратни метри, пак беше проценета на 20.000 евра.
Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу најави дека наскоро на аукција ќе се најдат уште станови и градежно земјиште конфискувани од Мијалков за кои исто така има правосилна судска пресуда.
Од продажба на друг имот на Мијалков, државата претходно заработи 244 илјади евра.
Во следните месеци повторно ќе продаваат и акции поврзани со Мијалков, за кои засега нема никаков интерес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој се заканува да не се продадат становите на Мијалков?
Фирма поврзана со Мијалков останува во Топ 10 најголеми должници на Листата на УЈП
Ни третина од запленетиот имот на Мијалков не е продадена