Пропадна и последниот 14. обид за изградба на хидроцентралата ПАХЕ „Чебрен“.
Истата овојпат требаше да ја гради грчкиот конзорциум ППЦ-Архиродон, но компанијата Архиродон во предвидениот рок, до крајот на 2023 година, не ја продолжи постапката за изградба на хидроцентралата.
Конзорциумот беше избран за најповолен понудувач во септември лани, а во текот на изминатава година имаше забелешки за јавниот повик.
За изборот на грчкиот конзорциум имаше и бројни реакции од страна на македонски енергетски експерти.
Предвидената инвестиција беше во износ од околу една милијарда евра, а хидроцентралата требаше да биде завршена за седум години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наместо пари од државата грчкиот концесионер на ХЕЦ „Чебрен“ ќе ја оперира и ХЕЦ „Тиквеш“
Која е грчката компанија која ќе ја гради хидроцентралата Чебрен