еМагазин
Image default
Локално

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Гази Баба

Во големата сала во седиштето на Општина Гази Баба утре (14. мај) родителите ќе имаат можност да разговараат за врсничко насилство. Работилницата, организирана од „Макпетрол“, ќе почне во 18 часот, информираат од таму.

Оваа активност се одвива во рамки на „Стоп за булинг“, општествено одговорната кампања на македонската компанија. На оваа едукативна средба родителите ќе имаат прилика да слушнат повеќе аспекти за проблемот со врсничкото насилство.

За стручниот дел ќе зборува психологот Деспина Стојановска, а работилницата ќе ја води актерот Сашко Коцев.

„Макпетрол“ досега организира 14 работилници наменети за родители во овој сегмент од својата општествено одговорна кампања. За врсничкото насилство се дискутираше во општините Илинден и Петровец, Бутел и Чучер-Сандево, потоа во Битола, Ѓорче Петров, Кавадарци (со Демир Капија), Крива Паланка. Работилници од овој тип се одржаа и во Штип, каде што учествуваа граѓани и од Свети Николе, во Кисела Вода, Карпош, Аеродром, Центар, Куманово, како и во Кочани, која беше наменета и за граѓаните од Виница и од Берово.

На овие собири, родителите имаат можност да се стекнат со знаења за врсничкото насилство, но и да дознаат како истото влијание врз децата. Како најзасегнати и најодговорни за нивниот развој, родителите преку работилниците се информираат како можат да придонесат да се препознаат и да се разрешат ваквите случаи.

На овие средби, исто така, се споделуваат лични искуства и приказни поврзани со булингот, а на темата се разговара и со психологот. Членови на стручните служби на училиштата во општината, кои работат со учениците при случаи на врсничко насилство, исто така, учествуваат на овие настани.

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничко насилство“, доби широка поддршка и во неа се приклучија 26 општини со кои што компанијата потпиша меморандуми за соработка. Во првата фаза беа организирани работилници за ученици во повеќе од 150 основни училишта. Преку интернет-страницата kreniglas.mk јавноста може да дознае голем број информации за врсничкото насилство.

Меѓу најважните стратешки цели на „Макпетрол“ отсекогаш била општествената одговорност. Преку кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ компанијата дава свој придонес во зголемувањето на јавниот интерес за проблемот со булингот. Младите и во следниот период ќе завземаат важно место меѓу општествено одговорните активности на „Макпетрол“, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со возило се обидел да прегази полицајци

Редакција

Трагедија: Рибар се удави во реката Вардар

Редакција

Тетовец за да не плати патарина користел „флешери“

Редакција