еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Саемот на мебел ќе се одржи од 26 до 30. март, дел од приходите од влезниците ќе бидат донирани за Кочани

Саемот на мебел ќе се одржи од 26 до 30. март во комплексот Борис Трајковски во Скопје.

„Со длабока почит кон семејствата погодени од трагедијата во Кочани, информираме дека дел од приходите од влезниците ќе бидат донирани преку Фондот за солидарност на Црвениот крст, за настраданите и повредените во трагичниот настан.

За посетителите кои сакаат да придонесат, на Саемот ќе бидат поставени кутии за донации во соработка со Црвениот крст, овозможувајќи секој да даде свој придонес во хуманитарната акција,“ се вели во соопштението.

На Саемот ќе се претстават повеќе од 50 брендови, а работно време е секој ден од 10.00 до 20.00 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државните хартии од вредност ќе котираат на Македонска берза

Редакција

(Фото) Каролина совршена на зајдисонце во MANGO

Редакција

Драстичен пад на прометот на Македонската берза во ноември

Редакција