еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Само 18% од Грците имаат добро мислење за Македонија, 52,5% се против земјата да стане членка на ЕУ

Само 18% од Грците имаат позитивно мислење за Македонија, 52,5% од грчките граѓани се против земјата да стане членка на Европската Унија (ЕУ), а за 38,5%, Договорот од Преспа е штетен, покажува истражувањето на јавното мислење на грчката фондација за надворешна политика ЕЛИАМЕП, направено во соработка со солунскиот Универзитет Македонија и Фондацијата Конрад Аденауер, кое го пренесе државната агенција МИА.

Неутрално мислење за Македонија имаат 43% од Грците, а 37,5% негативно.

Најпозитивно мислење Грците имаат за Србија, 60%, а најнегативно за Турција, 65%.

Пред пет години, 40,5% од Грците имале негативно мислење за Македонија, неутрално, исто така 40,5%, а позитивно, 17%.

Подршка за влез на Македонија во ЕУ даваат 45%, а 2,5% одбиле да одговорат.

Најголема подршка за влез во ЕУ, Грците даваат на Србија, а најмала на Турција.

Истражувањето е спроведено од 15 до 21. април 2024 година со анкетирани 1.165 лица по случаен избор.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште тројца пациенти од Ковид-19, вкупната бројка достигна 800

Редакција

Нова несреќа во Струмица: Сопружници загинаа во тешка сообраќајка

Редакција

„Реалност-06“ го доби тендерот на „Комуналец-Прилеп“ за привремени вработувања вреден 368.000 евра

Редакција