Во новиот економски извештај за Западен Балкан, Светска банка на Македонија за годинава и предвидува раст од 2,6%, најнизок во споредба со другите земји од регионот.
За следната година на земјава и се предвидува раст од 2,7%, а за 2,8% во 2027 година, што исто така е најнизок во однос на другите земји од регионот.
Основната инфлација се проектира да остане над долгорочниот просек до 2026 година, а потоа би требало да се намали до целните 2%.
Светска Банка предвидува дека комбинираниот економски раст на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Србија ќе достигне 3,2% во 2025 година, што е за 0,5 процентни поени под претходните проекции. Растот се предвидува да забрза до 3,5% во 2026 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ММФ за годинава ни прогнозира раст на економијата од 3,2% и инфлација од 3,4%
Фото: Унсплеш