еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Се зголемуваат цените на бензините и дизелот

Од вечерва на поноќ цената на бензинот Еуросупер БС 95 се зголемува за 1,50 денар, а на Еуросупер БС 98, на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ)

Цена на Мазутот М-1 НС, пак се намалува за 0,426 денари за килограм.

Еуросупер БС 95 со новата одлука ќе се продава за 79,50 денари за литар, Еуросупер БС 98 за 81,50 денари за литар, а дизелот за 73,50 денари за литар.

Екстра лесното мало ќе чини 73 денари за литар, а мазутот 45,285 денари за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

23 лица од Сингелиќ кои протестираа за време на полициски час ќе треба да платат над 80.000 евра

Редакција

Изречени повеќе од 400 глоби за неиздавање фискални сметки

Редакција

Македонски телеком со раст на нето-добивката за 33,8%

Редакција