По продажбата на запленети станови на поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, Агенцијата за управување со одземен имот, објави оглас за продажба и на градежно земјиште и шума, кои му се конфискуфани за случајот „Империја“.
Станува збор за градежно неизградено земјиште со површина од 3.880,15 м2 и шума со површина од 634,38 м2, кои што се наоѓаат на место Големо Курило во Општина Центар.
Тие се проценети на 126.638.882 денари или 2.059.000 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продадени три стана и гаража на Мијалков за 332 илјади евра
Државата продаде два стана и земјиште на Мијалков, собра 244 илјади евра
Државата претходно продаде станови на Мијалков во Охрид и Скопје, а за неколку месеци преку Македонската берза повторно ќе се продаваат и акции поврзани со него, за кои засега никој не покажа интерес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Топ 10 најголеми должници на Листата на УЈП во декември: И фирма поврзана со Мијалков помеѓу нив
Кој се заканува да не се продадат становите на Мијалков?
Ни третина од запленетиот имот на Мијалков не е продадена