еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Снегот предизвика проблеми со струјата, екипи на ЕВН цело време на терен

Снегот кој почна да паѓа вчера, остави делови од земјата без струја. Како што информираат од ЕВН екипите на компанијата се цело време на терен и работат во многу тешки услови.

„Екипите на Електродистрибуција од цела Македонија ја поминаа ноќта на терен санирајќи дефекти во многу лоши теренски и временски услови. Тие се уште работат на отстранување на вчерашните и ново настанатите дефекти од утринава.

Оваа кризна состојба налага соодветна реакција од нашата компанија и затоа во вакви услови се користат апсолутно сите мобилни екипи на располагање.

ЕВН воедно вложува енормни напори да се отстранат и дефектите кои се појавија во непристапни места, каде што екипите на Електродистрибуција физички не може да стигнат поради лошите теренски услови.

Обилните врнежи од снег предизвикаа голем број дефекти на среднонапонска и нисконапонска мрежа. Жители од повеќе населени места останаа без снабдување со електрична енергија“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Еуроимпекс“ го доби тендерот на Инспекторатот за животна средина за набавка на возило вреден 10.000 евра

Редакција

Млада тетовчанка крадела пари од сеф во фирмата каде што работела

Редакција

Проф. Трајковски: Сите со коморбидитети не умираат од ковид, но речиси сите умрени од вирусот ги имале

Редакција