СВР Охрид информира дека таткото кој ја претепа својата двегодишна ќерка и која почина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, доби 30-дневен притвор
Мажот е спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор – Битола“.
„Тој, на 18.12.2023 година, околу 21 часот, во семејната куќа во Кичево, при вршење семејно насилство, со физичка сила ѝ нанел тешки телесни повреди на својата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што на 8 јануари починала“, велат од СВР Охрид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кичевец до смрт ja претепал неговата двегодишна ќерка
Фото: Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.