Обвинителот Мустафа Хајрулахи, шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје вели дека врз него се врши притисок од републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски со цел да се влијае на актуелни предмети, меѓу кои и оној за бонусите на поранешните обвинители во згаснатото Специјално јавно обвинителство (СЈО).
Хајлурахи вчера заработи кривична пријава за малтретирање на вработени и е суспендиран од функцијата. Тој бил пријавен од вработени во Вишото јавно обвинителство – Скопје.
„Треба да напоменам дека таа кривична пријава е поднесена од страна на републичкиот јавен обвинител. Тенденцијата е мене да ме отстрани и да ме замолчи, а исто така и да ги заплаши другите колеги коишто постапуваат согласно законот, со цел за да се донесат нарачани одлуки.
Пред извесно време, односно на 19. септември, републичкиот јавен обвинител ме повика кај него во канцеларија и ми рече дека по однос на предметот за бонусите на СЈО треба да донесам одлука со која ќе се потврди првостепеното решение од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и дека не треба да се даде својство на оштетен на подносителот на кривичната пријава, односно на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ“, изјави меѓудругото на прес-конференција Хајрулахи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична за јавниот обвинител Хајрулахи за малтретирање и негова суспензија од функцијата
Фото: Унсплеш