еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Тројца повредени во пожарот во Кочани денеска се враќаат од Шведска и Грција

Министерството за здравство информираше дека тројца повредени од пожарот во Кочани кои се лекуваа во странство денеска се враќаат во Македонија.

Од нив двајца беа хоспитализирани во Грција, а еден во Шведска.

Согласно протоколите ќе бидат задржани под 24-часовен надзор.

Во Србија остануваат хоспитализирани 23 повредени, во Бугарија 14, во Турција 10, во Грција осум, во Словенија четворица, во Унгарија, Хрватска, Шпанија, Австрија и Литванија се хоспитализирани по тројца, а во Италија и Полска по еден повреден.

Во Скопје, на Клиниката за токсикологија вчера бил хоспитализиран повреден по враќање од Полска, а истиот денеска е пуштен на домашно лекување.

На Клиниката за пластична хирургија остануваат двајца повредени, а во Хируршката клиника Св.Наум Охридски, шест.

Во ГОБ 8 Септември се хоспитализирани петмина, од кои еден е планирано да биде пуштен на домашно лекување, на Клиниката за пулмологија двајца, а во приватната болница Систина се хоспитализирани тројца повредени.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четкар ја освојува Јапонија: Една од најпопуларните јапонски музички куќи го издаде неговиот нов албум

Редакција

Ние не одредуваме чија е Охридската архиепископија, велат од македонскиот тим од заедничката комисија со Бугарија

Редакција

Чаир стигна до 394 активни случаи со Ковид-19: Како изгледа бројот на заразени по скопските општини

Редакција