Тутунски комбинат АД Прилеп лани остварил добивка од 164.864 илјади денари, која е зголемена во однос на истиот период претходната година, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Претходната година добивката била 140.103 илјади денари.
-Оперативните приходи за мал процент се намалени во однос на претходната 2022 година, и се во вкупен износ од 841.912 илјада денари. Причината за намалување на оперативните приходи е резултат на мал пад на приходите од продажба.
Оперативните расходи се зголемени од 905.243 илјади денари на 952.520 илјади денари. Зголемувањето на оперативните расходи најмногу е изразено кај ставката „Трошоци за суровини и други материјали“ и зголемени “Трошоци за вработени”, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Горан Тодоров избран за член на Одборот на директори на Тутунски комбинат Прилеп
Зоран Пачешкоски избран за генерален извршен директор на Тутунски комбинат Прилеп