еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Лидерите на Западен Балкан во Тирана се обврзаа на дијалог и соработка

На Конференцијата посветена на Планот за раст на Западен Балкан во Тирана, Албанија е усвоена заедничка Изјава на лидерите од Западен Балкан, во насока на понатамошната институционална соработка меѓу државите, со прецизирање на конкретните чекори и иницијативи за реализација на овие цели.

Лидерите од Западен Балкан, во Изјавата се обврзаа да започнат структуриран дијалог, заедно со Европската комисија и земјите членки на ЕУ, со цел спроведување на Планот за раст, на начин којшто ќе донесе поединечна полза и може да го поттикне регионалниот просперитет и социо-економското приближување кон ЕУ.

Во Изјавата е оценето дека, Планот за раст за Западен Балкан претставува одлична можност за унапредување на интеграцијата на регионот на единствениот пазар, како и во механизмите и инструментите на ЕУ, додека се забрзуваат реформите во стратешките и суштински области, вклучително и оние поврзани со владеењето на правото и основните права.

На Конференцијата присуствуваа и комесарот за соседска политика и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, како и други претставници од ЕУ и од релевантни финансиски меѓународни организации.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) МВР ловеше „диви тркачи“ во Скопје: Приведени двајца моторциклисти

Редакција

Светиот архирејски синод на МПЦ-ОА ги поздрави одлуките на помесните цркви за признавање на нејзината автокфалност и за евхаристиско и канонско општење

Редакција

(Фото) Ќерката на премиерот Заев со нејзиното момче, маскирани за Струмичкиот карневал

Редакција