еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Учениците на пролетен распуст од 29. април до 6. мај

Учениците од основните и средните училишта од понеделник, 29 април, заклучно со 6. мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен во оваа учебна година.

„Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17. јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни.

Училиштата нема да работат на 8. мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024.

Ден претходно, вторник 7 мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето,“ се вели во соопштението на Министерството за образование и наука (МОН).

Во него се додава дека наставата од двата дена кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30. ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ.

За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата.

-Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН откако по реакции во јавноста и од синдикатите ја повлече претходната одлука пропуштената настава да се надомести во саботи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Посредничка мисија: Утре во Скопје и Софија со предлог доаѓаат португалскиот министер Силва и еврокомесарот за проширување Вархеји

Редакција

Четворица новопочинати од корона вирусот, вкупно 126

Редакција

Само овластениот предлагач може да води пропаганда за референдумот

Редакција