еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Учениците се чувствуваат небезбедни, потребно е да се внимава на нивното ментално здравје

Сојузот на средношколци упатува најдлабоко сочуство до блиските на жртвите од последната трагедија, поради грабнувањето и убиството на ученичката Вања Ѓорчевска, но и до сите деца, родители и граѓани.

Од таму велат дека нема достојни зборови кои можат да ја опишат тагата и потресеноста по овие грозоморни настани.

„Оваа трагедија ќе ни служи како сурова лекција за попретпазливост, емпатија и сплотеност, но по најскапата цена – човечки животи. Учениците од сите возрасти чувствуваат дека нивната безбедност е загрозена, а воедно и нивниот комфорт како млади.

Апелираме во овој период интензивно да се внимава на менталното здравје, особено во училиштата како исклучително важна средина погодена од овој настан,“ се вели во соопштението.

Сојузот ги потенцира дополнителниот страв и паника предизвикани од информациониот хаос во медиумите и социјалните мрежи.

„Нашата медиумска неписменост, иако е детска и невина, има сериозни последици кои го влошуваат и пролонгираат ефектот на ваквите немили настани откако ќе се случат.

Покрај информационата криза, согледавме дека не само младите, туку мнозинството граѓани се во бунило како да го искажат својот гнев и ефикасно да дејствуваат во пракса. Евидентно е дека има силен револт и дека тој е широко присутен, но сѐ уште на видик нема позитивна промена во реалноста како одговор.

Веруваме дека ова се должи на ниското ниво на запознаеност со демократскиот систем, процеси и движења“, велат од Сојузот.

Сојузот ја потсетува јавноста дека една од неговите главни заложби е зголеменото образование токму во овие области, за спречување и подобро менаџирање на ваквите ситуации во иднината.

Апелираат до институциите за поинтензивна работа и приоритизирање на развој на предлозите од Белата книга на Сојузот „Изучувањето на граѓанското и финансиското образование, медиумската писменост и дебатата во средните училишта како предуслов за градење активни граѓани„, кои ден за ден се покажуваат како сѐ понеопходни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прифаќање на бугарски диктат нема да се случи, му рекол Мицкоски на Сарацин

Редакција

Венко Андоновски по 10 години се враќа на сцената со нов роман

Редакција

(Во живо) Протест против „францускиот предлог“ и пред Собрание

Редакција