еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Македонец во Неа Флогита нашол изгубено 3-годишно девојче од Србија

Сашко Радуловиќ од скопско Миладиновци синоќа во Неа Флогита во Грција пронашол изгубено тригодишно девојче, Марија, од Србија.

Тој ја споделил информацијата во позната Фејсбук група „Грција инфо“, споделувајќи и нејзината фотографија и повикал полиција, која девојчето го однело во полициската станица во Неа Мудања.

Малото девојче било пронајдено околу 23 часот, но не знаела од каде е, ниту како се вика нејзиниот татко. На Радуловиќ му рекла дека има брат Андреј и мајка Ана. Тој и купил пијалок и разговарал со нејзе додека не дошла полиција, а се погрижил и девојчето да не биде премногу исплашено и истрауматизирано од ситуацијата во која се нашла.

Подоцна во полициската станица дошле и нејзините родители, кои ги пронашле Стефан и Валентина Спасиќ, кои биле сместени во еден од становите кои тие ги изнајмувале.

Фото: Фејсбук/Радуловиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ќе се бориме против криминалот и ќе ги заплениме сите зденки со поминат рок“: Љупчо Николовски на тапет на Твитер за објавата за заплена на путер

Редакција

Каков имот пријавил судијата Бурим Сејдини, кој е реизбран за претседател на Управен суд

Редакција

Шеста година по ред ОКТА додели стипендии за постдипломци на УКИМ

Редакција