еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Мицкоски има најголема доверба, следи Ахмети, па Филипче и Таравари

Лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски има најголема доверба кај граѓаните, покажа анкетата на МКД.мк и Маркет вижн.

Нему му веруваат 25,4 проценти од испитаниците.

Втор е лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети со 6,2%, а на трето место се лидерот на СДСМ, Венко Филипче и министерот за здравство, Арбен Таравари, чие крило од Алијанса за Албанците е дел од Владата, со 3,8%.

Дури 16,6% од граѓаните сметаат дека ниту еден политичар не ја заслужува нивната доверба.

Анкетата е спроведена од 20 март до 17. април со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%).

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот во 2021 година.

Фото: Влада/илустрација: МКД

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ГТЦ лани работел со загуба

Редакција

(Фото) Од Скопје до Битола за три години треба да се патува за час и половина

Редакција

Директорот на РЕК Битола бара извинување од Антовски од ВМРО-ДПМНЕ: Ако има индиции за незаконска работење доказите нека ги даде на институциите

Редакција