еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) По 20 години реконструиран и пуштен во употреба затворениот базен во Струга

По 20 години целосно е реконструиран и е пуштен во употреба затворениот базен во Струга.

Базенот е реконструиран како дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт за изградба на 14 базени, со буџетски средства во износ од 1,6 милиони евра.

Во тек е изградбата на базени во општините Ѓорче Петров, Кисела Вода, Кичево, Битола, Карпош и Штип, чијашто изградба треба да заврши во текот на 2024 година.

Во наредните две години базени треба да добијат и Струмица и Кавадарци, додека новиот базен во Тетово е завршен и предаден на Општината.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Како „главните виновници“ за „Медена земја“ ја дочекаа веста за номинациите за „Оскар“

Редакција

Кои се најдобри трговски објекти во Скопје во категоријата „салони за мебел“

Редакција

Момче избодено до смрт во центарот на Прилеп

Редакција