Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, која за 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба го помилува Акиф Бејадин Равманоски од селото Арачиново, член на скопската криминална група “Барон“, познат и како Акиф Јусуфи, на Инстаграм доби јавна благодарност од него.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Помилуваниот член на “Барон“ од Сиљановска Давкова уапсен за обид за убиство
Кој сѐ помилува претседателката Сиљановска Давкова
Со одлуката на претседателката затворската казна на Равманоски е заменета со условна осуда на 1 година и 3 месеци.
Тој беше осуден за недозволено поседување оружје кое било нелегално, а истиот е и дел од истрагата за вооружен напад во скопски Чаир од пред неколку дена.
Во објавата тој вели дека се гордее што токму таа е „наша прва дама на Републиката“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓу помилуваните од Сиљановска Давкова и осуденик кој барал Уставен да го укине СЈО
Фото: Кабинет на претседателката