еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Се донираа средства за Кара, на хуманитарниот концерт „За сите деца да има сонце“

Општина Центар организираше музички хуманитарен хепенинг во Парк на Франкофонија каде се собираа средства за лекување на Кара Селовска.

Кара има 12 години и е ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Општина Центар. Има сериозни здравствени компликации поради кои е сместена во болница во Барселона, Шпанија. Средствата и се потребни за да ги покрие третманите за дијагностицирање на болеста и трошоците за престој.

Музичкиот настан со хуманитарен карактер се изведе под мотото „За сите деца да има сонце“ и е во организација на осумте основни училишта поддржани од општината.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски истакна дека зад реализацијата на хуманитарниот настан не стојат никакви трошоци освен силна волја Кара и нејзиното семејство да се вратат дома здрави.

„Овој хуманитарен настан го организираме со сопствени сили и многу силна волја и желба на сите ученици, наставниот кадар, директорките и родителите од сите основни училишта во нашата Општина, да помогнат на 12-годишна Кара, ученичка во Песталоци и на нејзиното семејство да ја добијат оваа битка. На концертот се пријавија да настапат родителите на учениците од центарските училишта кои се познати во естрадниот свет. Навистина сум и благодарен за тоа.

Овде има и добротворен базар на кој можат да донираат граѓаните, купувајќи ракотворби од локалните уметници, занаетчии и дизајнери. Училиштата на настанот имаат поставено и кутии за донации и искрено се надевам дека собраните средства ќе помогнат за покривање на дел од трошоците. Се надевам дека нејзината состојба ќе се подобри и Кара ќе го продолжи своето образование меѓу своите другарчиња од Песталоци“, истакна Герасимовски на концертот.

На хуманитарниот настан настапија над 20 учесници меѓу кои Драган Мијалковски, Тамара Тодевска, Кристина Арнаудова, Бојана Скендеровски, Џокси, Јанг Дади, ученици од хоровите од основните училишта, Златните славејчиња и други.

Ова е втора акција која Општина Центар ја организира за собирање средства за лекување за малата Кара. Претходно пензионерите од Центар организираа аукција на слики преку која собираа донации за нејзиното лекување.

Општина Центар пред само неколку месеци имаше успешна хуманитарна акција за Лео. И тогаш, идејата и поттикот за новогодишните базари дојдоа од ученици и наставници кои ги мотивираа повозрасните да се вклучат и даруваат за хумани и благородни цели.

„Општина Центар им се заблагодарува на сите млади во општината кои се двигател граѓаните да се сплотат и заживеат како заедница која се грижи, која подава рака безрезервно на сите на кои им е потребна помош“, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР потврди дека Бучковски следната недела ќе патува во Бугарија

Редакција

Данела Арсовска со плата од 2.036 евра меѓу најплатените градоначалници во регионов

Редакција

За Мицкоски, Мијалков е „затворена книга“

Редакција