еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Хотели-Метропол лани со добивка и зголемени приходи

Хотели-Метропол АД Охрид лани остварил нето добивка од 28.142 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Приходите изнесуваат 210.655 илјади денари и истите гледано споредбено со 2023 година се зголемени за 4%.

Од овие приходи на основната дејност на фирмата отпаѓаат најголем дел, односно 207.074 илјади денари, што покажува зголемување за 4% во однос на 2023 година. Останатите приходи во износ од  1.571 илјади денари се зголемени за 8% во однос на истите од минатата година.

Финансиските приходи во 2024 година се зголемени во однос на 2023 година за 68% и изнесуваат 3.123 илјади денари.

Расходите од работењето во износ од 184.966 илјади денари, се зголемени за 5% во однос на расходите во 2023 година.

Најголемо учество во расходите од работењето за 2024 година имаат трошоците за вработени и трошоците за суровини и материјали со 71,9% учество. Финансиските расходи бележат намалување во 2024 година во однос на истите од претходната 2023 година за 35%, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раст на добивката на Хотели-Метропол за 12%

Хотели-Метропол во загуба во првото полугодие

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Едно име имаме“ во изведба на Александар Тарабунов, нова нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“

Редакција

Засега во Македонија има само еден случај на омикрон, епидемиолошката состојба останува стабилна, оценува Филипче

Редакција

Двојно зголемена брзината на растот на нивоата на морињата во светот, соопшти Светската метеоролошка организација

Редакција