еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Што е подобар избор: Стан или куќа

Кога размислувате да купите место за живеење или како инвестиција, едно од првите прашања што се поставува е дали да купите или изнајмите куќа или стан. Секоја опција има свои добри и лоши страни, вели анализата на Пазар3.

Куќа или стан, која е разликата?

Куќите често се во приватна сопственост. Тоа значи дека кога купувате куќа, вие ја поседувате не само куќата туку и земјиштето на кое се наоѓа. Го поседувате засекогаш, освен ако не одберете да го продадете. Становите, пак, обично се издаваат под закуп. Тоа значи дека кога купувате стан, вие го поседувате самиот стан, но некој друг го поседува земјиштето на кое се наоѓа зградата. Ќе треба да им платите кирија или за одржување на самата зграда.

Изнајмување на станови

Ако размислувате да заработите пари од Вашиот имот, многу луѓе избираат станови бидејќи тие се обично поевтини. Но, бидете внимателни! Становите доаѓаат со некои скриени трошоци. Со изнајмувањето на станот се плаќа месечна кирија, но има надоместоци за оддржување на влезот, подруми, лифтови и градина.

Со куќа, вие сте одговорни за сите трошоци за одржување, но имате контрола врз тоа како управувате со нив. Со стан, овие трошоци се делат меѓу сите сопственици на станови и понекогаш може да бидат поскапи.

Реновирање

Ако сакате да реновирате или да изградите дополнителен простор, полесно е во куќите. За становите е потребна дозвола и од локалниот совет и од сопственикот, кој може да побара дополнителни пари.

Што ве прави среќни

Ако планирате да живеете на Вашиот имот, најважно е што Ве прави среќни. Становите се многу полесни за одржување. Размислете дали местото има многу сонце или не. Градините или балконите свртени кон југ добиваат повеќе сончева светлина, што може да биде бонус.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ветуваат трамваи за намалување на загадувањето, а одат со 5 возила придружба на работа“: Твитер реакции

Редакција

Поради недостаток на машиновозачи повторно во прекин железничката линија Скопје-Табановце

Редакција

Македонски државјани „гарант” за косовски граѓани во обидите од Драч да заминат за Италија

Редакција