еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Што може да ви помогне кога акните ненадејно ќе се појават?

Справувањето со ненадејна појава на акни може да биде многу фрустрирачко искуство, особено ако сте навикнати на чиста кожа. Најчесто дерматолозите ќе препорачаат медицинска козметика, како DermoPure линијата на Еуцерин, бидејќи ваков вид на решенија за нега се специјално формулирани за борба против вакви појави.

Но, кога влегуваме во ваква битка мора да се разбере дека производите се дизајнирани да адресираат различни аспекти на третманот и превенцијата на појава на акни. Затоа комбинирањето е основно. Постои рутина што е неопходна и треба да се запази. Чистењето на лицето е првиот чекор, во овој алучај тоа е со Еуцерин DermoPure Cleansing Гел. Потоа, благ пилинг со DermoPure Scrub, а на крај може да се стави DermoPure Mattifying Fluid за сѐ ова да работи синергетски за да се обнови кожата.

Оваа колекција има моќни состојки како што е Ликохалкон  А и технологија за регулирање на себумот. Салицилната киселина пенетрира во порите и ги чисти бактериите што предизвикуваат акни, а со тоа ги спречува идните појави на акни. Ликохалконот А е антиинфламаторен агент, го намалува црвенилото и ја смирува иритацијата. Со регулирање на себумот се контролира вишокот на производство на масло во кожата што е причина за појава на акни.

Со гелот за чистење, производите на Еуцерин се така направени да чистат длабински без да ја лишат кожата од нејзината природна влага. Ефективно ги отстранува нечистотиите а со редовна употреба помага порите долго да останат чисти. Со скработ се врши ексфолијација односно отстранување на мртвите клетки што ги блокираат порите. За разлика од грубите производи DermoPure Scrub е нежен, но ефективен, затоа е погоден за чувствителна кожа.

Последниот чекор е матирачкиот ефект на DermoPure Mattifying Fluid што обезбедува долготраен мат финиш. На овој начин оние со мрсна кожа имаат шанса да ги контролираат акните ослободувајќи се од вишокот на масло, што е најчеста причина за оваа непријатност.

Оние што внимавале рутината да ја практикуваат редовно и ревносно пријавиле значително подобрување и обнова на кожата. Резултатите се видливи по неколку недели при што се забележува значително намалување на акните и подобрување на текстурата на кожата.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И денеска нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Редакција

Утрово бојадисани првите велигденска јајца: Каква е симболиката на црвената боја

Редакција

Доктор Петличковски: Вакцините се најефикасно оружје против пандемијата

Редакција