Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на друштвата РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје и ДС Смитх АД Скопје, котирани на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација на Македонска берза АД Скопје, информираа од Берзата.
-На друштвото РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје поради необјавување на ревидирани финансиски извештаи за 2023 година (Извештај на независниот ревизор, Биланс на состојба, Биланс на успех, Извештај за паричните текови, Извештај за промените во капиталот и Белешки кон финансиските извештаи) заедно со годишниот извештај за работењето за 2023 година, усвоени од Собранието на акционери на друштвото во пропишаниот рок со Правилата за котација, со што не постапи согласно член 40, точка 1 од Правилата за котација.
На друштвото ДС Смитх АД Скопје поради необјавување на неревидиран биланс на успех за периодот 01.01.- 31.03.2024 година, со што не постапи согласно член 40, точка 2 од Правилата за котација, велат од таму.