Јана е најчестото женско, а Лука најчестото машко име што им се давани на новороденчињата во Македонија во 2024. година, објави државната агенција МИА.
Според податоците на Управата за водење матични книги, меѓу најчестите имиња годинава кај новородените женски бебиња се и Хана, Софија, Дуа, Ана, Мила, Јована и Миа.
Кај машкит деца, пак, најчести имиња покрај Лука се и Дамјан, Матеј, Марко, Јаков, Михаил, Давид, Јован, Петар, Матео, Алексеј и Андреј.
Бројот на живородени деца во земјава, според евиденцијата на Државниот завод за статистика, заклучно со септември годинава изнесувал 11.694, и бележи намалување во однос на 2023 година.
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.