Жалбата на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, со која се бара условен отпуст е уважена и ќе започне на 17. јуни годинава, информираа од Апелациониот суд Скопје.
Од таму велат дека Кривичен совет на Судот донел решение со кое жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се одбива како неоснована, додека жалбата на осудениот Јанакиески, изјавена преку неговиот бранител, со која се бара условен отпуст, се уважува.
– Согласно донесеното решение на Апелациониот суд – Скопје, одлуката за условен отпуст е преиначена и условниот отпуст за осудениот М.Ј. наместо, како што гласеше првичната одлука, да започне на 16.01.2025 година, ќе започне на 17.06.2024 година, но под услов до истекот на условниот отпуст обвинетиот да не стори ново кривично дело, велат од Апелација.
Јанакиески во февруари 2022 година призна вина за случајот на поранешното Специјално јавно обвинителство за изборни нерегуларности „Титаник“ за што првостепено беше осуден на четири години и шест месеци затвор, по што Апелација во јуни минатата година му ја намали казната на три години и шест месеци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Јанкулоска објави фотографија со Јанакиески на која се прегрнати
Фото: Фејсбук/Јанакиески