Судењето за градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кадар на владејачката ДУИ, за набавката на луксузното Ауди А6, вредно 67 илјади евра, денеска беше одложено, бидејќи неговата одбрана побарала увид во списите за предметот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По неколку години обвинение за Мерко за набавката на „аудито“ вредно 67 илјади евра
Главната расправа е одложена за 3. јуни.
Во Основниот суд во Струга денеска не дојде Мерко, ниту неговиот полномошник.
Списите со предметот во дигитален препис ќе му бидат предадени на адвокатот на Мерко на УСБ стик, на кој има 27 фалјови во ПДФ формат, информираше судијката Надица Митреска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За Рамиз Мерко има уште 14 активни предмети
Уште едно обвинение за Рамиз Мерко
Скопски Кривичен се прогласи за ненадлежен за обвинението за Мерко, го препрати во струшкиот Суд
Фото: Мерко/Фејсбук