еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Активни два пожари во Македонија, под контрола три

Во Македонија се активни два пожари, а три се под контрола, информираа денеска од Центарот за управување со кризи.

Вчера имало 20 пожари, од кои 15 се изгаснати.

Активен пожар има во Општина Чашка, кај местото викано Котева Круша, атар на селото Оморани, префрлен на планина Мукос, каде што гори мешана шума и во Општина Македонски Брод, во селото Грешница, кај резервоарите со селски водовод, каде што исто така гори мешана шума.

Под контрола се пожарите во Општина Демир Хисар, кај Плакенска Планина, над селото Вирово, во Општина Кичево, кај селото Цер кон селото Старец и во Општите Охрид и Ресен, на планината Галичица чадење на две места, кај Зли Дол.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трипуновски: Не сум вршел мобинг, бидете подготвени на многу вакви контроли

Редакција

За 24 часа во Тетово 9 починати од Ковид-19, сите се над 65 години со коморбидитети

Редакција

Четири нови случаи на голема кашлица, бројката се зголеми на 22

Редакција