еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Али Ахмети и Зијадин Села не гласаа за да Африм Гаши биде избран за претседател на Собранието

Во македонското Собрание денеска за нов претседател на Парламентот беше избран Африм Гаши, поранешниот лидер на Алтернатива, која е дел од коалицијата „Вреди“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Африм Гаши избран за претседател на македонското Собрание

За него гласаа 76 пратеници, а шест пратеници (пратенците на Левица) беа против.

За Гаши не гласаа лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој е повторно избран за пратеник, но и пратеникот Зијадин Села од Алијанса за Албаците, кој води правна битка за лидерското место во партијата со Арбен Таравари.

И двајцата како што покажува листингот од гласањето не ни биле присутни во Собранието за време на гласањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Беким Сали, кој ќе ja води Алтернатива, откако Гаши се повлече од лидерската позиција за да стане претседател на Собранието

Гаши кандидат за претседател на Собранието, се повлече од лидерското место во Алтернатива

Фото: Гаши/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Висока корупција и бавна правда: Извештај на Стејт департмент за човековите права во Македонија

Редакција

(Видео) Пожарот над тетовското село Вешала е локализиран

Редакција

Груевски се јави за случајот „Плацеви на Водно“: „Чив имот сака да запленува Обвинителството? Имот кој ниту сум го купил, ниту платил“

Редакција