еМагазин
Image default
Бизнис

Аутомакедонија лани ја зголемила добивката за 77%

Аутомакедонија АД Скопје лани остварила нето добивка по оданочување во износ од 27,6 милиони денари, што претставува 11% зголемување во однос на истиот период 2022 година, информираат од таму преку Македонската берза.

-Зголемувањето на нето добивката во 2023 година се должи на зголемени оперативни приходи за 16%, а од друга страна стабилното ниво на трошоци за оперативно работење со пораст од 2% во однос на 2022 година.

Горенаведеното резултира во оперативна добивка од 23.2 милиони денари, зголемување за 77% во однос на истиот период 2022 година. Финансиските расходи се зголемени за 22%, што резултира со добивка пред оданочување од 27,6 милиони денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МЕПСО купи возила од Аутомакедонија за 369,9 илјади евра

Аутомакедонија со зголемена добивка

Игор Илиевски купи акции во Аутомакедонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Tриглав Осигурување лани со зголемена добивка

Редакција

„Лукоил“ го доби тендерот на МЕПСО за набавка на гориво вреден 354.000 евра

Редакција

Поради ковид-состојбата, Бугарите забранија влез за граѓаните од Македонија од 19 јануари

Редакција