Од денеска замената на возачките и сообраќајните дозволи со новото име на државата ќе биде бесплатна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бесплатни ќе бидат и патните листови за македонските државјани во странство, кои немаат нови пасоши, а сакаат да се вратат во Македонија за да ги сменат.
Нема дилема, одлука на место, која требаше да се примени многу порано, а не сега пред избори.
Но, што е со граѓаните кои веќе си платиле за возачките и сообраќајните дозволи и другите документи со „Северна“?
И не само тоа. Истото го направија во мизерни услови, чекаа со часови да се сликаат и по шалтери да си ги земаат документите, а некои од нив, како пасошите и личните карти ги платија по нова, повисока цена.
Голем дел од нив имаа важечки документи за уште неколку години, но истите мораа да ги сменат поради Преспанскиот договор, зад кој не застана мнозинството од граѓаните, како што покажа неуспешниот референдум за промена на името на државата од пред неколку години.
Значи ем измалтретирани, ем со поплитки џебови, ем со непотребна нервоза и стресови, ем понижени, и на крај и дискриминирани од државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе им се вратат ли парите на граѓаните кои извадиле нов пасош, а имале важечки?
Ако веќе е бесплатно, треба да биде за сите.
Така да и предлогот кој се разгледувал во Владата да им се врааат парите на граѓаните кои извадиле нов пасош, а имале важечки, ептен си е на место.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И рокот за замена на регистарските таблици продолжен до крајот на годината